Што очекуваат Американците од Ангела Меркел
12 јануари 2006Во земја во која две жени,Хилари Клинтон и Кондолиза Рајс,веќе важат како кандидатки на следните претседателски избори,многумина доаѓањето на првата германска канцеларка Ангела Меркел во САД го сметаат за дополнителна атракција.Но,настрана од тоа,германскиот амбасадор во САД Волфганг Ишингер смета:
-Дека американската влада има голем интерес да влезе повторно со Европа и особено со Германија во потесни,полни доверба консултирачки односи.Очекувањата од американска страна се пред се позитивни.Затоа мислам дека оваа посета ќе биде важна точка на почетокот на 2006 година,која ќе им даде натамошен поттик на германско американските односи.
Германија и САД се разијдоа во ирачкото прашање.Освен тоа, меѓу поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и американскиот претседател Џорџ Буш немаше хемија.Кои се заедничките интереси на кои може да се втемели новиот квалитет на односите?Џексон Џенс,директор на Американскиот институт за германски студии:
-Ние имаме оправдани интереси за мир на Влискиот исток како и во приодот кон енормно растечката стопанска сила Кина,нашето идно енергетско снабдување,како и во односот кон Русија.Ние Американците како и Европејците имаме исто така интерес за светскиот развој,за што треба да се усогласиме.Дека не можеме се сами,тоа веќе е јасно за мнозинството Американци,развојот на настаните последниве години во Ирак тоа најдобро го покажа.
Влада на Буш од Ангела Меркел очекува едно:не германски трупи во Ирак,но во секој случај симболичен гест во обновата,особено во обуката на ирачки полицајци или во хуманитарната помош.Продолжувањето на ангажманот на трупите во Авганистан,е нешто за кое се знае дека се цени.А се очекува и засилување на дипломатскиот притисок врз Иран,исто така и со поглед кон Русија,каде Меркел патува директно од Вашингтон.Во Меркел среднорочно се гледа соговорник во Европа,вели поранешниот американски амбасадор во Германија,Ричард Барт:
-Прашањето кое се поставува пред претседателот Буш и неговиет советници пред се е:колку е Германија подготвена да прифати водечка улога во Европа и во транстланското партнерство?
Во меѓувреме постои подготвеност за ислушување на конструктивната критика за прашања како Гвантанамо или човековите права.Во Вашингтон знаат дека Ангела Меркел дома во однос на САД има посредувачки проблем,Џексон Џенс вели:
-Целосно е познато дека имиџот на претседателот Буш во Германија не е најдобар.Но,тоа не мора и да остане така.Таа би можела да му објасни на населението дека не постои алтернатива за дијалог со Америка.