Што носи спортската 2020?
Вторите Олимписки игри во Токио по 1964 година претставуваат главен спортски настан во 2020 година. Но, оваа година носи уште многу, од една премиера во Виетнам па сѐ до паневропското првенство во фудбал.
АТП Куп, 3.-12. јануари
Еден нов спортски настан би требало да воодушеви на самиот почеток на тениската сезона: пред Аустралијан опен на АТП Купот излегуваат 24 национални тима, меѓу кои Србија со Новак Џоковиќ, Швајцарија со Роџер Федерер, Шпанија со Рафаел Надал. Финалето на првиот куп ќе биде одржано во Сиднеј.
Европско ракометно првенство, 10.-26. јануари
Кога станува збор за ракометот, секоја година се одржува еден важен турнир. Во 2020 година ракометарите во Австрија, Шведска и во Норвешка ќе се борат за титулата европски првак. На турнирот во јануари меѓу фаворитите спаѓа Данска и нивната ѕвезда Микел Хансен (на сликата). На првенството за што повисок пласман ќе се бори и македонската репрезентација.
Голема награда во Виетнам, 5. април
Виетнам се радува на првата Голема награда на Формула 1 во својата историја. Третата трка во сезоната ќе се вози во престолнината Ханој. Фаворити, меѓу останатите, и Луис Хамилтон со Мерцедес, шампионот од 2019 година, кога ја освои својата 6. титула. Ново-стара адреса во календарот на Формула 1 е и Холандија каде за првпат по 1985 година покрај брегот во Кандворт повторно ќе се вози трка.
Европско првенство во фудбал, 12. јуни до 12. јули
Годинава нѐ чека и Европско првенство во фудбал, 16. по пред, но прво во кое Португалија ја брани титулата и прво кое се одржува во повеќе од 2 земји. Португалија, Германија и Франција се во иста група и прашање е кој од нив ќе ја пропушти финалната рунда во Лондон. Шанси за настап сѐ уште има и македонската репрезентација- преку баражот од Лигата на нации.
Тур де Франс, 27. јуни до 19. јули
Вторпат по 1981 година најважната велосипедска трка во светот ќе стартува во Ница. Бранител на титулата е Колумбијанецот Еган Бернал и неговиот тим Инеос.
Летни Олимписки Игри, 27. јули до 9. август
Новиот национален стадион во Токио стои на истото место на некогашниот олимписки стадион од ЛОИ 1964, кога јапонската метропола за првпат беше домаќин на Олимпијадата. Во 2020 година во Токио ќе настапат над 11.000 спортисти кои се натпреваруваат за една од 339 медали во 33 дисциплини. За првпат или повторно на листата на спортови се наоѓаат безбол, карате, скејтборд, качување и сурфање.
Летна Параолимпијада, 25. август до 6. септември
Параолимписките игри се сѐ попопуларни. Како и досега, и овој пат се одржуваат веднаш по ЛОИ, на истите спортски терени во Токио. Годинава ќе учествуваат над 4.000 параолимпијци во 22 дисциплини. Нови спортови оваа година се бадмингтон и теквондо.