1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер во Украина

1 март 2006

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмер ја повика Украина на продолжување на реформите.

https://p.dw.com/p/AcU7
Штајнмајер на гости кај украинскиот Претседател Виктор Јушченко
Штајнмајер на гости кај украинскиот Претседател Виктор ЈушченкоФотографија: AP

При вчерашната средба со ресорниот колега Борис Тарасјук во Киев, Штајнмајер посочи дека само од Украина зависи со колкава брзина земјата ќе им се приближи на НАТО и ЕУ.

На прес-конференцијата по средбата во Киев, двајцата министри за надворешни работи ја истакнаа важноста на билатералните односи:

„Трговските и економски односи меѓу нашите земји ги оценуваме како многу позитивни. Германија е најважен трговски партнер на Украина од европските земји и тоа веднаш на второ место воопшто, по Русија. Најголемиот број директни странски инвестиции во Украина потекнуваат од Германија„ – посочи домаќинот Борис Тарасјук.

Гостинот од Берлин нагласи дека не само германската влада, туку и целиот германски народ ги поддржува реформите во Украина и најави скорешно продолжување на меѓувладините консултации што беа во застој поради вонредните избори во Германија. Избори ќе има и во Украина и тоа само за четири недели, па затоа Штајнмајер е само еден од бројните странските политичари кои деновиве престојуваат во Киев. Тој ја истакна важноста што целата ЕУ им ја придава на односите со Украина и најави продолжување на договорот за партнерство и соработка,, што истекува во 2008-та. Истовремено тој замоли за разбирање што ЕУ не е во состојба да ја прими Украина како полноправна членка:

„По неуспехот на референдумите за европскиот устав во Франција и Холандија отворивме дискусија за границите на Европа и нејзината спосбност за ширење. Украина е и покрај тоа дел од интензивната соседска политика, со која се обидуваме и земјите од соседството на ЕУ да ги подигнеме на ниво на земјите членки„ – појасни Франк Валтер Штајнмајер во Киев.