Штајнмаер се залага за продолжување на силниот ангажман во Авганистан
27 јули 2007Реклама
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер е за натамошен силен ангажман на Германија во Авганистан. Во изјава за весникот Зексишен цајтунг тој истакна дека постигнатото во изминатите пет години во социјалната и економска обнова на Авганистан не смее да биде потценето пради трагичното искуство со најновиот случај на киднапираните Германци во земјата . Во меѓувреме продолжуваат преговорите меѓу авганистанската влада и грабнувачите за ослободување на германскиот градежен инжинер , кој беше киднапиран минатата недела заедно со неговиот колега чие тело подоцна беше пронајдено во Авганистан.