1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шмешке: Против Вардар ќе биде тешко

ЕМФ/миа/сид21 април 2014

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва (21.04) го игра првиот четвртфинален натпревар против германски Флензбург. Менаџерот на Германците Дирк Шмешке оцени дека ќе биде тешко.

https://p.dw.com/p/1BlcI
Фотографија: Joern Pollex/Bongarts/Getty Images

Македонските ракометари, кои се силни на домашен терен, по победата во осминафиналето, се претворија во тим кој застрашува. „Вардар против Хамбург покажа колку е силен“, оценува за агенцијата СИД менаџерот на Флензбург Дирк Шмешке. Тој додава: „Ќе имаме тешка работа“. Тимот на Љубомир Врањеш оптимистички гледа кон завршниот турнир на ракометната Лига на шампиони и се надева на пласман за „фајнал фор“ турнирот во Келн, и покрај поразот доживеан во последна минута од Хамбург, во полуфиналето на германскиот куп. „По горчливиот пораз од неделата, погледот е повторно насочен напред“, убедува Шмешке.

Во редовите на македонскиот шампион Вардар вечерва поради повреда нема да игра Стојанче Стоилов, а другите избраници на тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез ќе бидат подготвени за игра (на фотографијата Алекс Дујшебаев).

На другите натпревари од четвртфиналето, кои се одиграа во текот на викендот, беа постигнати следните резултати: Металург - Кил 21:31, Рајн Некар Левен - Барселона 38:31 и ПСЖ - Веспрем 26:28. Реванш натпреварите се играат на 26 и 27 април.