1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шлаканица за Хрватска во извештајот на Европската Комисија

6 ноември 2007

Извештајот не е поволен за ниту една земја од регионот и не дава подлога за јавно искажаните надежи на хрватската влада дека веќе во 2009-та година таа земја би можела да стане членка на европското семејство.

https://p.dw.com/p/C3Yf
Шефот на опозицијата Зоран Милановиќ (десно е германскиот вецаканцелар Франц Минтеферинг) зборува за шлаканица од Брисел за хрватската владаФотографија: Karolina Leakovic

Нова рунда на проширување на Унијата, според извештајот на Европската Комисија за напредокот на кандидатите за членство, може да уследи дури на среден или на долг рок. Хрватска ќе мора многу да се напрегне, оти Унијата предупредува на застој во реформите.

Земјата не напредува во сузбивањето на корупцијата. Нема видливи резултати од настојувањата за прилагодување на управата на европските стандарди или за создавање сигурни рамковни услови за странски ивестиции. Ако не биде засилено темпото на реформите, Хрватска не ќе може бргу да стане членка на ЕУ.

Членството во ЕУ не е тема во предизборната кампања

Предупредувањата од Брисел доаѓаат во екот на предизборната кампања – изборите се на крајот од месецов. Владата на десен центар на премиерот Иво Санадер е под силен притисок од опозиционите социјалдемократи. Нивниот шеф Зоран Милановиќ им префрлува на конзервативците за јавашлак, а оценките од извештајот ги означува како шлаканица за владата.

“Критиката е основана. Едноставно, ако сакате во клубот, морате да ги прифатите правилата. Ако се побара, веднаш би можел да потпишам дека реформата на правосудството и борбата против корупцијата мора да имаат приориет” – вели Милановиќ. Но, ни тој, ниту Санадер во предизборните настапи не се зафаќаат со темата пристап кон ЕУ. Обајцата страхуваат дека тоа може да ги чини гласови на избирачите, оти според најновите анкети, мнозинството граѓани го отфрла реформскиот притисок од Брисел со уверување дека ЕУ многу построго ја контролира Хрватска, отколку Бугарија и Романија, кои веќе ги прими.

Хрватските граѓаните се скептични

Малкумина граѓани веруваат дека пристапот кон ЕУ ќе им донесе поголема социјална праведност и благосостојба. “Посакувам децата да ми добијат добро школско образование, работа, стан. Сега тие мораат да жиеат кај родителите и откако ќе стапат во брак” – вели една жена. “Промени се неопходни, но на актуелната политичка сцена не гледам политичка сила која сака или може да го стори тоа” – додава друг човек.

Андреас Мајер-Фајст, Загреб