1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Шкотска - прва земја со бесплатни ментруални производи

ЖА / агенции
25 ноември 2020

Во Шкотска во иднина тампоните или менструалните влошки ќе се ставаат бесплатно на располагање на девојчињата и на жените.

https://p.dw.com/p/3loGf
Symbolbild Tampon
Фотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture alliance

Предлог-законот на пратеничката од Лабуристичката партија, Моника Ленон вчера едногласно беше усвоен во парламентот во Единбург.

„Единствени сме во ставот дека никој во иднина не мора да се грижи за овие хигиенски артикли", изјави Ленон пред гласањето.

Ментруалните хигиенски производи за ученичките и студентките во Шкотска се веќе бесплатни. Законот сега го обврзува законодавецот да организира систем за достапност на овие продукти во целата земја. Тие треба да бидат понудувани бесплатно во јавните тоалети во училиштата, универзитетите, како и во останатите јавни установи.

Шкотската премиерка Никола Старџеон ја поздрави одуката: „Горда сум што гласам за овој напреден закон, кој Шкотска ја претвора во прва земја во светот која ги става бесплатно на располагање потребните менструални производи", напиша таа на Твитер. Старџеон во одлуката гледа „важна политика во однос на жените и девојчињата."

Идејата на Ленон првично наиде на одреден отпор, во прв ред поради проценетите трошоци од 11 милиони евра годишно. Но, уште од почетокот кампањата доби поддршка од голем сојуз на синдикати, организации за женски права и хуманитарни друштва. Пратеничката се заблагодари преку Твитер кај сите поддржувачи и колегите за едногласната одлука со зборовите: „Ова е ден на гордост за Шкотска".

Раководителката на организацијата за помош на децата Меѓународен план, Роуз Колдвел ја пофали Шкотска за нејзината „предводничка улога". Таа укажа на „отровното трио" на проблеми кое води до т.н. ментруален прекаријат: трошоците за хигиенски артикли кои многу посиромашни девојчиња и жени ги тераат да посегнат по несоодветни алтернативи, недоволната просветеност за темата, како и „стигмата и срамот во врска со менструацијата."

Прескапа женска хигиена?