1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шалке во невозможна мисија во Мадрид

БГ/миа18 март 2014

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се одиграат уште два реванш дуела од осминафиналната фаза. Формалност во Мадрид каде Реал со предност од 6:1 по првиот дуел го пречекува германскиот Шалке.

https://p.dw.com/p/1BRJ8
Фотографија: Getty Images

Фудбалерите на Шалке немаат што да загубат на реванш-дуелот против Реал во Мадрид. Во Гелзенкирхен никој и не помислува дека може да се надокнади разликата од првиот меч- 1:6, но надежите се дека со пожртвувана игра може да се извлече барем пристојно простување од годинешното издание на Лигата на Шампионите. Дотолку повеќе што Реал веќе за викендот го очекува големото шпанско дерби против вечниот ривал Барселона, па тренерот Карло Анчелоти веќе најави дека ќе одмара неколку првотимци.

Понеизвесно се очекува да биде на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон на натпреварот меѓу англискиот претставник Челзи и турскиот Галатасарај. Првиот дуел одигран во Истанбул заврши без победник 1:1. Дополнителен „шмек“ на дуелот му даваат личниот судир меѓу тренерите на двата тима, Жозе Мурињо и Роберто Манчини, како и фактот дека легендата на Челзи, Дидие Дрогба за првпат ќе настапи против својот некогашен тим на стадионот во Лондон.

Пласман меѓу осумте најдобри веќе обезбедија Бајерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен. Последните четвртфиналисти во елитното натпреварување ќе бидат познати утревечер по завршувањето на средбите Манчестер Јунајтед - Олимпијакос (0:2 прв натпревар) и Борусија Дортмунд - Зенит (4:2).