ЦСУ не смее да се потцени
1 октомври 2007”Франкфуртер Рундшау” пишува:
”Вчудовидувачки е како на ЦСУ секогаш и‘ успева да ги збие редовите во решавачкиот момент. Зашто секој во ЦСУ знае колку е тоа важно за да се оствари добар изборен резултат, за да се одбрани апсолутното мнозинство во Баварија и да се задржи тежината во Берлин. Се поставува прашањето дали решителноста и збиеноста на редовите е доволно за да не се пропадне на сојузно ниво. Дека приземниот партиски војник Хубер, кој покажа голема нервоза на конгресот, има способност во Берлин да презентира силна Баварија, веруваат малкумина. ”
”Берлинер моргенпост” коментира:
”ЦСУ можеби на партискиот конгрес во Минхен си натовари голем товар. Зашто, Хубер и бекштајн како водечки тим, секогаш на грб ќе го имаат Зеехофер. Тој во главниот град има многу добри врски. Хубер не може да поентира наспроти министерот за заштита на потрошувачите, а дома, во Баварија, можеби ќе биде во сенката на премиерот Бекштајн. Во ваквата констелација има голем потенцијал за конфликти. А, ЦСУ во моментов не може да си дозволи конфликти.”
”Френкише Таг” е на поинакво мислење:
”На ЦСУ , по смртта на Франц Јозеф Штраус и по германското обединување, постојано одново и‘ се предвидуваше пад на нејзината надрегионална моќ. Но, тоа нема да се случи и по Едмунд Штојбер. Гинтер Бештајн и Ервин Хубер се одамна и надвор од границите на Бааврија познати по нивната компетентност и непопустливост. Баварија може да се држи во однос на останатиот дел од земјата и тоа во добра форма.”
”Фраје пресе” предвидува:
”И канцеларката и шеф на ЦДУ, Ангела Меркел во иднина мора да има поинаков однос кон помалата сестринска партија. Искусниот на сојузно ниво Хорст Зеехофер сигурно ќе и‘ беше тежок партнер. Неговото спротивставување во спорот околу паушалите при здравствената реформа. Сеуште добро стои во сеќавањето. Но, тоа во никој случај не значи дека е сигурно оти на Меркел ќе и‘ биде послено со тандемот Хубер-Бекштајн. Сепак, барем до 2009 година, на канцеларката ќе и‘ биде полесно отколку со Едмунд Штојбер. Прво, ЦСУ сеуште е зафатена со самата себси, а потоа доаѓаат комуналните и покринските избори. Но, таа не смее да го потцени дуото што остават впечаток дека е привинцијално. Тоа во политиката досега во најголемиот број случаи се одмаздило.”