ЦСУ како стабилизатор во големата коалиција
4 јануари 2006Годинава тема требаше да биде улогата на ЦСУ во големата коалиција меѓу двата поголеми партнери-ЦДУ и СПД.Се чини дека по одлуката на партискиот претседател Едмунд Штојбер да не преземе министерско место во Берлин и да се врати во Баварија,се намали улогата на неговата партија во големата коалиција.Но,уште на почетокот на конгресот стана јасно-ЦСУ сака да има влијание.Тоа го покажа со спорните теми во коалицијата:атомската енергија и политиката на пазарот на трудот.
Во Вилдбад Кројт се инсистира на хармонија-ЦСУ треба да биде стабилизатор во големата коалиција,смета новиот шеф на покраинската група Петер Рамсауер:
-Ние веќе во следните месеци ќе доживееме некои примери каде големите табори на ЦДУ и СПД се задоволни што можат да се потпрат на флексибилниот мост –ЦСУ покрај себе.
Осоколена од одговорноста во владата во Берлин,ЦСУ сака да се посвети на големите реформски градилишта:пазарот на трудот,социјалните системи за осигурување и енергетската политика.
Но,нема да се оди со глава во зид,реформи да,но со проценка,како што објасни германскиот министер за заштита на потрошувачите Хорст Зеехофер:
-Спротивноста не се состои меѓу модернизацијата и постојното,како што радо се претставува.Туку,во наше време спротивноста постои меѓу радикалните реформи и реформите со проценка.
Старата кавга меѓу Хорст Зеехофер и Едмунд Штојбер се чини е заборавена.Зеехофер порано и префрлаше на Унијата заради концептот за реформа во здравството.Сега тој зборува за Штојбер као за фактор на успех:
-Тој ќе не води и во следните задачи,тао е целосно неспорно во ЦСУ.
ЦСУ гледа подем,трендот е позитивен,вели Зеехофер:
-Животот оди натаму.Спознавме убави работи,како на пример намалувањето на бројот на невработени.Имам впечаток дека Германија може да стартува во новата година со оптимизам.
Ова стои зацртано за конгресот во Вилдбад Кројт.За Штојбер нема двојба:
-Покраинската група на ЦСУ секако ќе го даде својот придонес оваа 2006 година да биде година на полет.