1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црниот дроб има чудесна моќ!

11 јули 2010

Црниот дроб е централен орган за метаболизам. Се состои од повеќе делови и е од животна важност - без црниот дроб не може да се живее. Неговата најголема предност е во регенерацијата.

https://p.dw.com/p/ODnh
Црниот дроб е како филтер што го чисти организмот од отровиФотографија: picture alliance / dpa

За црниот дроб се вели дека е ненадминлива природна лабораторија, а освен тоа има чудесна моќ на регенерација. Научници од Дизелдорф се зачудени од способноста на црниот дроб да се обновува. Дури и кога отстраниле две третини од заболениот дел од црниот дроб, тој успеал комплетно да се регенерира за само една до две недели.

Кога е погоден од болест еден одреден вид на клетки на црниот дроб, тие се регенираат со едноставна делба. Кога се погодени различни типови на ткива на црниот дроб, тогаш органот ги активира т.н. одделенија со матични клетки. Тие делови или „одделенија" на црниот дроб се´ уште не специјализирале и затоа можат да се развијат во било кој вид на ткиво. И тоа всушност и се случува, кога црниот дроб е оштетен - од тие матични клетки се формира ново здраво ткиво.

Дури и кога се земаат лекови и алкохол во претерани количества, нашата лабораторија е во состојба многу брзо да се исчисти од отровите. Т.н. мастен црн дроб, кој настанува кога на пример навечер ќе се испие премногу вино и кога липидите се складираат во телото - поминува за неколку денови.

Кога црниот дроб не може да се регенерира?

Bier
Алкохолот- најголемиот непријател на црниот дробФотографија: Bilderbox

Секако дека и црниот дроб има свои „граници": „Дали црниот дроб на хроничниот алкохоличар ќе се регенерира, тоа е повеќе прашање на среќа. Тоа може да се случи по повеќе години воздржување од алкохол, а може и воопшто да не се случи" - вели професорот Дитер Хојзингер, од Универзитетската клиника во Дизелдорф.

Во рамките на истражувачкиот проект „виртуелен џигер" Хојзингер по пат на комјутерски симулации ги проучува можностите на регенерација на црниот дроб. Прво се мерат одредени параметри и потоа се внесуваат во компјутер. Врз основа на историјата на болеста на пациентот, научниците можат да ги конструираат графиконите и потоа даваат прогнози за натамошниот тек на болеста.

Но, она што научниците во овој момент најмногу ги интересира е врз основа на компјутерски симулации што подобро да го разберат процесот на регенерација на џигерот.

Автор: Инза Поленга / Светлана Брик

Редактор: Жана Ацеска