Црвениот тепих распослан во Берлин
Во Берлин повторно деноноќно се гледаат филмови. Нашата галерија ви ги претставува филмските ѕвезди, великаните од минатото, кината како и водечките луѓе на фестивалот Берлинале.
Завесата е подигната
Најголемиот филмски фестивал во светот ги отвори своите порти. Во целиот град, на околу илјада проекции ќе бидат прикажани преку 400 нови филмови. Тоа е фестивал за експерти и за познавачи на филмот. Но, и обичната публика ита кон кината во десетте дена, колку што трае фестивалот.
Американска премиера
Берлиналето беше отворено со новиот фил на тексашкиот режисер Вес Андерсон „Гранд Хотел Будимпешта“. Филмот прикажува интересни случки од стариот Гранд Хотел во Европа во периодот меѓу двете светски војни. Во центарот на случувањата се доживувањата на управникот на хотелот, Густав кој го игра Ралф Фајнс.
Ограбена уметност
Голем е интересот и за новиот филм на Џорџ Клуни. Во филмот „Monuments Men“ режисерот и главен актер Клуни (на фотографијата со Мет Дејмон) ја прикажува опасната работа на специјалните единици во последните години од Втората светска војна. Овие ткн. „Monuments Men“ трагале по уметничките дела кои ги украле нацистите.
Голем број германски филмови
Во трката за златната и сребрената мечка, годинава има бројни германски продукции. Со нетрпение се очекува филмот на Фео Аладагс „Меѓу световите“. Се работи за приказна за германски војни кој во рамките на силите на ИСАФ во Авганистан се нашол меѓу два огна.
Скандалозно од Ларс фон Трир
Големо внимание ќе предизвика и новиот филм на данскиот режисер Ларс фон Трир. „Нимфоманка“ е филм за една млада жена желна за секс која ја раскажува својата животна приказна. Во Берлин за првпат ќе биде прикажана нецензурирана верзија.
Господар на филмовите
Програмата на фестивалот, како и претходните години, ќе ја води Дитер Кослик. Во пресрет на фестивалот, Кослик најави бројни политички и социјално-критички филмови на Берлиналето. „Берлиналето не е фестивал на комедии“, вели Кослик.
Поглед на други континенти
На фестивалската секција Форум посетителите ги очекуваат само неколку комедии, воглавно со неконвенционален формат. Во Форумот ќе се прикажуваат играни, документарни, есеистички и експериментални филмови. Режисерите неретко фрлаат поглед врз далечните земји, како Белгијанецот Петер Кригер, кој во филмот “N – The Madness of Reason“ дава слоевита слика на Африка.
Политиката во Панорама
И Панорамата нуди преглед на филмови од сите краеви на светот. Тука најчесто се прикажуваат играни филмови кои имаат критички однос кон состојбата во матичните земји. Пример е иранскиот филм "Asabani Nistam!", на Реза Дормишиан, кој го бележи односот на луѓето кон изборите во 2009. година.
Филмовите за младата публика
Берлиналето секогаш води сметка и за младите посетители на фестивалот. Во серијата Генерација можат да се видат филмови кои говорат за животот на децата и младите, кои пак значајно се разликуваат од глобализираната романтика на Дизни. Филмот "3 Histoires d’Indiens" на режисерот Роберт Морин го тематизира животот на младите Индијанци во канадските резервати.
Филмските палати на Берлин
Берлиналето е најпосетениот филмски фестивал во светот, меѓудругото и поради големиот број кино сали. Дел од фестивалот повторно е и киното Zoopalast која неколку години беше реновирана. Во неа, до 2000. година беше срцето на фестивалот, а потоа се пресели на плоштадот Потсдамер. Зградата со седум кино-сали и над 1.600 места за гледачи сега е повторно отворена.
Светлина и сенки
Ретроспективата која и е посветена на историјата на филмот, годинава му е посветена на значењето на филмското светло. Во рамките на серијата „Естетика на сенката, филмско светло 1915-1950“ издвоени се околу 40 филмови, како најдобри примери од филмската историја на единствениот спој на природното и филмското светло.
Реставрирано филмско богатство
Врв на фестивалот би можела да биде проекцијата на германскиот нем филм од 1920. година „Кабинетот на д-р Калигари“ на Роберт Вине, кој важи за извонреден пример на филмскиот експресионизам и е едно од највлијателните дела во филмската историја. Филмот ќе биде прикажан во Филхармонијата со нова музика на американскиот џезер Џон Корн.
Почесната мечка за Кен Лоуч
Еден режисер уште пред крајот на фестивалот можеше да и се израдува на наградата: Британецот Кен Лоуч. Режисерот кој е познат по своите општествено-критични и ангажирани филмови, ќе ја добие почесната Златна Мечка за животно дело. Во своите филмови, Лоуч покажува длабок интерес за луѓето и за нивните судбини, се наведува во образложението.