1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвената фурија доаѓа во Скопје

СН/емф/сид/миа/дпа23 февруари 2014

Македонската фудбалска репрезентација денеска на жрепката во Ница ги доби противниците со кои ќе игра во квалификациите за Европското првенство 2016-та, што ќе се одржи во Франција.

https://p.dw.com/p/1BE7H
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најатрактивен противник на „црвено-жолтите“ во квалификациите на Еуро 2016 ќе биде актуелниот европски и светски првак Шпанија. Црвената фурија е јасен фаворит за победа во групата Ц, во која уште на жрепката во Ница беа извлечени и репрезентациите на Белорусија, Луксембург, Украина и Словачка.

Изглед на другите групи по денешната жрепка во организација на УЕФА:

А група: Холандија, Турција, Исланд, Чешка, Летонија и Казахстан

Б група: Босна и Херцеговина, Израел, Кипар, Белгија, Велс и Андора

Д група: Германија, Полска, Грузија, Република Ирска, Шкотска и Гибралтар

Е група: Англија, Словенија, Литванија, Швајцарија, Естонија и Сан Марино

Ф група: Грција, Романија, Северна Ирска, Унгарија, Финска и Фарски

Острови

Г група: Русија, Австрија, Молдавија, Шведска, Црна Гора и Лихтенштајн

Х група: Италија, Норвешка, Азербејџан, Хрватска, Бугарија и Малта

И група: Португалија, Србија, Албанија, Данска и Ерменија

Квалификациските натпревари започнуваат по Светското првенство во Бразил, на 7. септември годинава, а последните натпревари по групи се закажани за 13. октомври 2015. година. На Европското првенство во Франција, кое ќе се игра од 10. јуни до 10. јули 2016. година, за првпат наместо 16 репрезентации како досега, право на учество ќе имаат 24 репрезентации. Пласман на првенството затоа ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации во групите, како и најдобрата третопласирана репрезентација. Останатите осум третопласирани репрезентации за пласман на Еуро 2016. година ќе мора да играат бараж натпревари.

Auslosung EM-Qualifikation 2016
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во квалификациската група Д, каде главен фаворит е Германија, историско деби има репрезентацијата на Гибралтар, која неодамна доби дозвола од УЕФА да игра официјални натпревари.