1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ со нови цели

Биргит Вентцин8 јануари 2006
https://p.dw.com/p/AcZB
Ангела Меркел
Ангела МеркелФотографија: AP

“Наша цел – нова праведност преку повеќе слобода“ – вака гласи насловот на изјавата што во Мајнц ја усвои партиското раководство на германската Христијанско-демократска унија.

ЦДУ има намера да ја развие својата основна партиска програма, усвоена уште во 1994 година. Тежиште треба да се стави на образованието и воспитанието.

Како канцелар Ангела Меркел го извади мотото: “Многу мали чекори“. Како шеф на партијата и на фракцијата на ЦДУ, таа се залага за големи цели. Така стои во “Изјавата од Мајнц“ донесена на средбата на партиското претседателство. Во изјавата се говори за успешен старт на големата коалиција, за намалување на невработеноста и за свежо формулираната цел – нова праведност преку повеќе слобода.

“Притоа се раководевме од фактот дека во нашето општество има многу неправедности, како што е преголемата улога на потеклото врз шансите за образование.“

На тој начин ЦДУ се движи кон темите во кои досега владееја социјалдемократите. До наредната есен посебна комисија треба да подготви концепт за шансите во образованието и воспитанието.