1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска против Србија

18 ноември 2008

Меѓународниот суд на правдата во Ден Хаг денеска (18.11.08) се прогласи за надлежен за тужбата на Хрватска против Србија, дека Белград е одговорен за геноцидот над несрпското население од 1991- 1995 година.

https://p.dw.com/p/Fx1U
На денешен ден пред 17 години (18.11.1991) единиците на бившата Југословенската народна армија влегоа во хрватскиот град Вуковар, со што завршија тримесечните борби во кои загинаа неколку илјади лицаФотографија: AP

Одлуката на највисокиот суд на ОН во хашката Палата на мирот ја соопшти претседателката на судот, Розалин Хигинс од Велика Британија.

Постапката сега ќе биде продолжена со расправа за суштината на хрватската тужба, односно за тоа дали во Хрватска беше извршен геноцид и дали е Србија одговорна за тоа. Доколку судот се прогласи за ненедлежен, постапката ќе биде прекината.

Белград тврди дека судот не е надлежен

Србија во текот на прелиминарната расправа, кон крајот на мај оваа година, тврдеше дека Меѓународниот суд на правдата не е надлежен за тужбата на Хрватска затоа што во моментот на нејзиното поднесување во 1999 година, тогашната Сојузна Република Југославија не беше членка на ОН, што инаку е нужен услов за надлежноста на судот.

Екипата правници од Србија потсети дека на истата основа највисокиот суд на ОН во 2004 година се прогласи ненедлежен за тужбата на Белград против земјите од НАТО поради нелегална употреба на сила за време на бомбардирањето во 1999 година.

94128784_fc8ce28088_o.jpg
Уништени куќи во ВуковарФотографија: Flickr

Хрватска тврди: Белград е одговорен за етничко чистење

Хрватска напротив тврдеше дека Меѓународниот суд во Ден Хаг има надлежност, која ја утврди во претходната постапка, кога стануваше збор за иста тужба на БиХ против Србија.

Во тужбата која Хрватска ја поднесе во 1999 година против СРЈугославија, се тврди дека официјален Белград е одговорен за етничко чистење на хрватските граѓани како форма на геноцид, затоа што директно ги контролираше активностите на своите оружени сили, на агентите за известување и разните паравоени одреди, кои извршија злосторства на територијата на Хрватска во регионот на Книн, источна и западна Славонија и Далмација.