1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска под притисок од Брисел за израчување на Перковиќ

ЖА/макфакс6 август 2013

ЕК и‘ даде рок до 23 август на Хрватска да го испорача Јосип Перковиќ на Германија. Доколку Хрватска не одговори позитивно на ваквото барање, Комисијата ќе одлучи и за дополнителни санкции, велат од Брисел.

https://p.dw.com/p/19KLz
Фотографија: DW

„Можам да потврдам дека потпретседателката на ЕК, Вивијан Рединг го прими писмото од еден германски пратеник во кое се потенцира дека Хрватска мора да постапува во согласност со европските закони за екстрадиција. Неколку пати беше напоменато дека ова мора да биде спроведено во целост, а Хрватска се обврза на истото пред да стане членка на Унијата“, изјавила портпаролката на Рединг, Мина Андреева, пренесува ХРТ.

Рединг потоа им поставила и рок на хрватските власти до кога ЕК ќе чека одговор по ова прашање, а тоа е до 23 август, а доколку нема напредок, потоа ќе се решава какви санкции ќе бидат превземени, додала Андреева.

68-годишниот Јосип Перковиќ (на фотографијата), поранешен соработник на југословенските тајни служби, се товари за убиството на хрватскиот емигрант Стјепан Џурековиќ во западна Германија пред повеќе од 20 години, а Берлин досега во неколку наврати побара Загреб да го екстрадира Перковиќ.