1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска казнета со 25.000 евра

АМ/миа16 јуни 2012

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска со 25.000 евра поради инцидентите кои ги направиле хрватските навивачи на натпреварот со Република Ирска во првото коло на Европското фудбалско првенство.

https://p.dw.com/p/15GKW
Фотографија: Getty Images

Хрватска е казнета поради тоа што навивачите фрлале на терен петарди и факели, а еден од нив влегол на теренот на стадионот во Познањ и го бакнал во уста селекторот Славен Билиќ. Најмногу пиротехнички средства биле употребени при прославата на вториот гол на селекцијата на Хрватска. Хрватите на овој натпревар ги победија Ирците со 3:1.

UEFA EURO 2012 Ukraine vs. Frankreich
Мечот меѓу Украина и Франција беше прекинат поради временски неприлики и големо количество вода на теренотФотографија: Reuters

Вчера непријатности имашаа и екипите на Украина и Франција, но не со казни, туку поради временските неприлики. Натпреварот меѓу ко-домаќинот Украина и Франција беше прекинат по само пет минути игра поради невремето кое го зафати Доњецк. Силниот дожд, ветерот и грмотевиците на „Донбас Арена“ беа доволна причина главниот судија Бјорн Куијперс да ги повлече двете репрезентации од теренот.

Мечот продолжи по пауза од 60 минути и заврши со победа на Франција од 2:0. Првото полувреме беше без голови, а во второто Жереми Менез и Јохан Кабаје го совладаа украинскиот голман Андриј Пјатов. Со тоа репрезентацијата на Франција ја постигна првата победа на Европското првенство и со четири бодови е на првата позиција во групата.

UEFA EURO 2012 Schweden vs. England
Англичаните подобри од ШвеѓаниетеФотографија: Reuters

Во вториот меч, меѓу Англија и Шведска, фудбалерите од островот ги „испратија“ дома шведските фудбалери. Натпреварот заврши со 3:2 за Англија. Шведска со вториот пораз остана без бод во групата и нема шанси за влез во четврт-финалето.