1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска во ЕУ во 2010-та

Бернд Ригерт, Брисел14 март 2008

За Хрватска членството во европското друштво е се’ поконкретна реалност. 2009-та е термин за крај на преговорите за пристап, прв конкретизира претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо

https://p.dw.com/p/DO5Y
Охрабрувачки пораки до ЗагребФотографија: DW Fotomontage
Хрватска наскоро ќе биде 28-та земја-членка на ЕУ, оти направи голем напредок во двеиполгодишните преговори за пристап, оцени претседателот на Комисијата на Унијата Жозе Мануел Барозо. По средбата со хрватскиот премиер Иво Санадер во Брисел, тој изјави: „Поради тоа потврдувам дека Комисијата на есен ќе поднесе обврзувачки план за завршување на преговорите за пристап во 2009-та година - под претпоставка Хрватска да исполни некои услови“. Барозо за прв пат официјално спомна термин. Ако договорот за пристап биде ратификуван од сите земји-членки, Хрватска ќе може веќе во 2010-та година да влезе во Унијата како прва од земјите на таканаречениот Западен Балкан. Хрватска ќе стори се’ за да ги исполни економските и политичките критериуми, рече премиерот Санадер. „Сакаме Хрватска да биде успешна приказна и модел за другите земји од регионот, кога станува збор за реализација на проширувањето на ЕУ во цела југоситочна Европа“, изјави премиерот.
Хрватска попушти и се откажа од специјалната риболовна зона
Претходно, ноќта владата на Санадер и хрватскиот парламент ја отстранија последната голема пречка на патот кон ЕУ: земјата се откажа од специјалните права на рибарење во заштитениот еколошки и риболовен појас на Јадранот. Тоа го бараа соседите Италија и Словенија. „Хрватска мора да ги укине сите специјални зони за рибарење за сите бродови од ЕУ. Сметам дека е тоа сега извршено“ - рече Барозо. ЕУ во противпотег вети востановување општа заштитна зона во Јадранското море. Претседателот на Европската комисија побара од Хрватска итно да го подобри управувањето со парите од помошта што доаѓа од Унијата. Во септември Комисијата ќе провери дали таа земја ги исполнува економските критериуми. Цел на Унијата е еден ден да ги прими како свои членови сите земји од западен Балкан, вклучително и Косово. Преговорите со Турција, пак, се замрзнати поради спорот околу северниот, од Турција окупиран дел на островот Кипар, кој е член на ЕУ.

►◄