Хрватска во април ги почнува преговорите за членство во Еу
17 декември 2004Преговорите Брисел- Загреб ќе почнат доколку се потврди потполната соработка на Хрватска со Хашкиот трибунал, се наведува во завршното соопштение од Самитот, но сепак, не се прецизира на кој начин ќе биде потврдена таа соработка. Се знае само дека тоа мора да биде потврдено пред почетокот на преговорите.
Дипломатски кругови текстот на сооптението го протолкуваа како одредена пречка за амбициите на Хрватска, која сака да и пристапи на Унијата уште во 2007-та заедно со Бугарија и Романија.
Европските лидери претходно многупати го повикаа официјален Загреб да ги засили напорите за пронаоѓање на воените злосторници, кои ги бара Хаг и што е можно побргу тие да бидат испорачани пред судот.
Најбаран воен злосторник е генералот Анте Готовина, кој се товари за воени злосторства против етничките Срби за време на балканскиот конфликт од 1991 до 1995 година.
Хрватскиот премиер Иво Санадер, и неколкумина членови од неговиот кабинет непосредно пред самитот повеќепати потврдија дека владата во Загреб веќе целосно соработива со хашкиот трибунал, но дека најверојатно Готовина е надвор од земјата. Тие најавија и соработка со странски раѕузнувачки служби, со цел да се пронајде воениот злосторник, но главната хашка обвинителка карла дел понте, минатиот месец пред сорабието на ОН посочи дека Загреб не соработува доволно со трубуналот и обвини дека Готовина е заштитен од “ Моќни сили” во неговата татковина.