Хрватска би можела да биде новото проблематично дете на ЕУ
23 април 2013Авторот на текстот Томас Брај уверен е дека Хрватска вистински ги нема исполнето условите кои ги постави Европската унија: „На брзина се прифатени многу закони, а за нивното спроведување не постојат услови, или само се најавени поправени закони.
Пример 1: Хрватскиот Парламент ја прифати стратегијата за развој на правосудството од 2013 до 2018 година. Во неа се исполнуваат барањата на ЕУ, но го нема нужниот годишен акциски план за спроведување, без кој целата стратегија останува мртва буква на хартија.
Пример 2: Со Законот за стратешки инвестиции требаше да бидат отстранети пречките за инвеститорите, на што се жалеше Брисел. Владата само сака да одлучува за големи проекти и на тој начин да го спречи вообичаеното торпедирање на комунално ниво. Само веќе со месеци се’ остана на таа најава. Тој клучен закон се’ уште го нема. ’Така е тоа често“ вели еден трговски стручњак од една члекна на ЕУ во Загреб. ’По најавата ништо не се случува, но ако нешто сепак се случи, недостасуваат одредби за спорведување кои би дале живот на законот’.
Хрватска веќе со децении припаѓа меѓу особено корумпираните земји во Европа. Затоа борбата против тоа зло беше една од главните барања на Брисел. Вистина, долгогодишниот премиер Иво Санадер во спектакуларно судење за корупција е осуден на десет години затвор, а против него се водат и други постапки, ’но тоа има мало влијание на секојдневниот живот на граѓаните’, вели Зорислав Антун Петровиќ од хрватскиот Транспаренси интернешнл. Поголем проблем е т.н. шалтерска корупција. (...)
Најголем проблем на новата членка на ЕУ е јавната управа, која многумина ја доживуваат како застарена, пристрасна, мрзелива и самоволна. Претседателот на Парламентарниот одбор за Уставот Пеџа Грбин вака ја опишува ситуацијата: ’Државната управа во Хрватска за жал се’ уште е конгломерат од австро-унгарската управа, но не во добара смисла, туку онаква кој го инспирираше Франц Кафка, со здив на комунизам (...)’ А реформа на управата Европската комисија воопшто не постави како предуслов. (...)
А што се’ Хрватска се’ уште не исполнила: Државното бродоградилиште ’3. Мај’ во најголемиот пристанишен град Ријека се’ уште не е приватизирано. Од, според проценките, 200.000 прогонети Срби по војната (1991.-1995.) ретко кој се врати во старата татковина. За воените злосторства за време на враќање на подрачјата кои беа окупирани од Срби во операцијата ’Олуја’ се’уште правосилно не е осуден ниту еден Хрват, вели Весна Тершелиќ од организацијата за човекови права ’Документа’.
’Стравуваме дека готовноста за политички реформи и притисок да се спроведат реформите ќе исчезнат по влезот во ЕУ’, вели Марина Шкрабало од најголемата невладина организација за демократија и човекови права ГОНГ. ’Стравуваме дека во областите на правосудството, корупцијата и враќање на бегалците ќе исчезне подготвеноста за реформите’. Затоа ГОНГ предложи основање на парламентарен одбор, кој ќе го надгледува спроведувањето на реформите. Веќе со месеци владата и парламентот не реагираа на тој предлог“, пишува германската новинска агенција ДПА.