1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хомосексуалците се разочарани од кардиналите

Тилман Клајнјунг ард/ А.Трајковска19 октомври 2014

Многумина верници полагаа големи надежи во синодот во поглед на ставот кон семејството. Но, католичката црква и натаму опстојува на својот став за хомосексуалноста и разводот. Либералните позции не наидоа на мнозинство.

https://p.dw.com/p/1DYKE
Фотографија: picture-alliance/dpa/Fabio Frustaci

Последниот збор на овој синод го имаше папата Франциско. Во кусото обраќање пред околу 190 учесници на собранието тој меѓутоа не се произнесе по посебно спорните теми од изминатите две недели. Папата Франциско исто така предупреди од „лажно милосрдие“, но и од желбата „да се затвориме во напишанато и да не сакаме да дозволиме Господ Бог да нѐ изненади“.

Тврдокорните не попуштија

Колку што беше отворен говорот на папата, толку е и јасен текстот кој го усвои бискупскиот синод. Бискупите меѓутоа не можеа да усогласат заедничка позиција за спорните теми хомосексуалност и повторното стапување во брак на разведени. Во една првична верзија на документот се бараа „храбри одлуки“ од синодот. Хомосексуалните христијани можат да внесат „дарби и квалитети“ во црквата, се вели во текстот. Католиците кои стапуваат во брак по втор пат, би требало по извесен период на покајание да сметат да учествуваат во евхаристијата.

Vatikan Familiensynode Oktober 2014
Бискупски синод во ВатиканФотографија: picture-alliance/dpa/Fabio Frustaci

Но, овие параграфи за причестување на луѓето кои повторно стапиле во брак и за хомосексуалните партнерства не добија двотретинско мнозинство на синодот, иако беа уште еднаш значително променети. Во завршниот документи меѓутоа тие се споменати. Таму стои и дека 62 од 180 бискупи и кардинали ја одбиваат изјавата дека хомосексуалците мораат да се пресретнуваат со почит и чувствителност.

Разочарување за либералите

За заговорниците за поголемо отворање и реформи на католичката црква овој резултат од гласањето е разочарување. Меѓутоа во Ватикан се укажува на тоа дека овој синод е само првично утврдување на позициите. На наредното собрание на бискупскиот синод идната година повторно треба да се разговара на темата брак и семејство.