1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холивудски ѕвезди во Берлин

Ања Кох/Ж.А. 12 февруари 2016

Започна Берлиналето, еден од најголемите светски филмски фестивали. Десет дена режисерите и актерите ќе се натпреваруваат за главните награди. На црвениот тепих вриеше од светски познати ѕвезди од филмската бранша.

https://p.dw.com/p/1HuJr
Фотографија: picture alliance/dpa//Sputnik/E. Chesnokova

Ноќ на ѕвездите во Берлин - промотивни прошетки по црвениот тепих. Џорџ Клуни со сопругата Амал ги воодушеви фотографите и фановите. Мерил Стрип, претседателка на жирито, брзо избега на топло.

Браќата Коен стојат уште малку загубено на црвениот тепих, иако токму нивниот филм го отвори Берлиналето.

Овде погледајте го видеото:

Отворено Берлиналето

Холивуд во 50-те години - златна ера на кино-филмовите, и Еди Меникс, кого го игра Џош Бролин, е човекот кој во едно големо студио мора да ги реши сите проблеми.

А проблеми има повеќе од доволно: главниот актер-ѕвезда е киднапиран, Џорџ Клуни ја игра улогата на не многу бистриот Бирд Витлок, и ова го прифаќа со хумор:

„Секогаш кога ќе добијам сценарио од браќата Коен, треба да играм некој слабоумник, но не претчувстував дека ќе биде толку лошо.“

Холивудски филм кој се потсмева со Холивуд, забавен филм со позната плејада актери.

Организаторите на Берлиналето за отворањето на фестивалот одбрале ’откачена’ комедија, можеби како контрапункт на потешките теми кои ги очекуваат гледачите во следните денови. Сепак, присутна е и политика,- на отворањето да дојде Џорџ Клуни на пример, кој најави дека во Берлин сака средба со канцеларката Меркел и некои бегалци. Значи, имаме Берлинале кое е толку политичко колку што одамна не било.