1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холандија во поход кон титулата

АТ/ миа/ дв29 јуни 2014

Фаворитот за титулата светски првак Холандија вечерва ќе ги одмери силите со Мексико во осминафиналето на СП во Бразил. Во вториот меч Грција или Костарика ќе се запишат во историјата.

https://p.dw.com/p/1CSKt
Фотографија: Damien Meyer/AFP/Getty Images

На 18-от ден од Светското фудбалско првенство ќе се одиграат уште два осминафинални дуели, први на кои ќе настапат европски селекции.

Од 18 часот во Форталеза, Холандија и Мексико ќа ја почнат борбата за пласман меѓу осумте најдобри. Холанѓаните на овој дуел влегуваат како благи фаворити.

Тие првата фаза ја поминаа со максимални три победи. Од друга страна, Мексиканците во групната фаза примија само еден гол и тоа во последното коло против Хрватска.

Во вечерниот термин од 22 часот, исто така во Форталеза, ќе играат Костарика и Грција. Костариканците се најголемо изненадување во групната фаза. Во конкуренција на Уругвај, Италија и Англија завршија на 1.место, а Грција со гол од пенал во последните секунди од 3.коло обезбедија осминафинале.

Први четвртфиналисти од синоќа се домаќинот Бразил и Колумбија.