1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ходорковски пристигна во Берлин

АТ/ дпа/ афп/ ртр/ Шпигел онлајн20 декември 2013

Критичарот на Кремљ Михаил Ходорковски беше помилуван од претседателот на Русија Владимир Путин. Кратко потоа тој беше ослободен. Во меѓувреме Ходорковски пристигна во Берлин.

https://p.dw.com/p/1AeBv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Критчарот на Кремљ и поранешниот нафтен олигарх Михаил Ходорковски денеска (20.12.) пристигна во Берлин. Информацијата ја потврди портпарол на германското МНР.

Како што јавува магазинот „Шпигел онлајн“ Ходорковски на аеродромот „Шенефелд“ во Берлин бил пречекан од германската полиција, која треба да му додели влезна виза. Со неа тој една година може да патува во Шенгенскиот простор.

50-годишниот Ходорковски, по десет години претпладнево беше отпуштен од затворот Сегеша на руско-финската граница. Претходно рускиот претседател Владимир Путин го помилува Ходорсковски.

Противречни информации

Ходорковски во Берлин од Санкт Петерсбург пристигна со приватен џет, кој го организирал поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс Диртрих Геншер. Тој и денеска го пречека на аеродромот во Берлин.

Имено откако руските правосудни органи сооштија дека Ходорковски на сопствено барање отпатувал во Германија да се сретне со мајка му, мајката на Ходорковски, Марина Ходорковска демантира дека е надвор од Русија. „Но, јас сум во Ромашкино во областа Москва“, изјавила таа за агенцијата Итар-Тас.

Michail Chodorkowski Eltern Mutter Vater 2010
Родителите на Ходорковски сликани во 2010 годинаФотографија: picture-alliance/dpa

79-годишната Марина Ходорковска исто така изјавила дека нејзиниот син сѐ уште не се јавил кај неа. „Јас не знам зошто соопштувате дека Михаил одлетал кај мене во Германија“.

„Шпигел онлајн“ јавува дека Марина Ходорковска навистина била на повеќемесечно лекување во Германија, но била отпуштена од болницата на 11. декември по што се вратила во Русија. Михаил Ходорковски најверојатно не знаел за тоа и непосредно по ослободувањето заминал во Германија.

Ходорковски одлежа десет годинишна затворска казна

Нафтениот милијардер Ходорковски беше уапсен во 2003 година, а две години подоцна беше осуден поради измама и затајување на данок. Нафтениот концерн „Јукос“, чиј шеф беше Ходорковски, беше расформиран. Овој процес во меѓународни рамки беше критикуван како политички мотивиран.

Во моментов се нејасни причините за помилувањето, кое беше изненадување и за адвокатите на затвореникот. Порано Ходорковски постојано одбиваше да побара помилување, бидејќи тоа во Русија е поврзано со признавање на вината.

Меркел го поздрави ослободувањето на рускиот опозиционер

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер го поздрави ослободувањето на Ходорковски. „Тоа е добра вест“, рече тој. Сега би морале да продолжат разговорите со Русија околу правната држава и човековите права. Исто така и канцеларката Ангела Меркел изрази задоволство: „Многу често се залагав за тоа, господин Ходорковски да биде ослободен“, рече Меркел.