1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилари Клинтон - шеф на американската дипломатија?

22 ноември 2008

Поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон, според медиумите ќе биде министер за надворешни работи во владата на Барак Обама. За министер за финансии се споменува Тимоти Гајтнер.

https://p.dw.com/p/Fzs1
Клинтон и Обама за време на изборната кампањаФотографија: AP

Владата на новоизбраниот американски претседател Барак Обама добива се‘ појасни контури. Интернет - изданието на весникот „Њујорк тајмс“ тврди дека 61 годишната Хиларди Клинтон решила да ја преземе функцијата шеф на американската дипломатија. Експертите сметаат за речиси сигурно дека некогашната противничка на Обама ќе се најде на функцијата.

TV-Debatte Clinton Obama
Од противници - соработнициФотографија: AP

Скора номинација?

Барак Обама е на најдобар пат, веројатно веќе идната недела, да ја објави номинацијата на Хилари Клинтон за министер за надворешни работи, вели еден негов соработник. Назначувањето би била натамошна важна етапа во политичката кариера на поранешната американска прва дама, која ја изгуби трката со Барак Обама за кандидат за претседател на САД од Демократската партија. Хилари Клинтон веќе осум години е сенатор на Њујорк, а за нејзината нова функција се шпекулираше веќе со недели.

Премногу амбициозна и самостојна?

Кај некои членови на Демократската партија веста за престојниот избор на Клинтон е примена со скепса. Тие велат дека таа е можеби премногу амбициозна и самостојна за оваа важна функција. Иако, близок соработник на Обама објаснува дека идниот претседател уште од почетокот бил одушевен од идејата за Хилари Клинтон како шеф на американската дипломатија. Тој е убеден дека таа ќе продонесе за веродостојноста на САД во светот.

Timothy Geithner
Тимоти ГајтнерФотографија: AP

Обама освен тоа планира за министер за финансии да го номинира Тимоти Гајтнер, досегашниот шеф на Њујоршката емисиона банка. Веста за ова позитивно влијаеше врз Њујоршката берза. Доу - Џонс индексот забележа пораст од 6,4 проценти, со што се анулираа околу половината од загубите во четвртокот. Гајтнер во минатите години извршуваше повеќе функции во мандатот на пет министри за финансии на САД. Од септември тесно соработува со актуелниот министер Хенри Паулсон во борбата против финансиската криза.