1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Херкуловска задача за ЕУ

Бернд Ригерт/сн22 март 2016

Договорот меѓу ЕУ и Турција е постигнат и тој стапи на сила од недела 20. март. Но бегалци и натаму пристигнуваат во Грција. Нивната релокација во Турција е сѐ уште само теорија.

https://p.dw.com/p/1IHLP
Фотографија: picture-alliance/dpa

Додека на грчките острови и понатаму пристигаат бегалци од Турција, во Брисел Европската комисија, буквално, со полна пареа работи на тоа барем некакако да ги спроведе заклучоците кои се донесени на состанкот меѓу ЕУ и Турција. „Навистина работиме и ден и ноќ“, не уверува портпаролот на Еврокомисијата Маргаритис Шинас. „Мораме да го спроведеме тоа бидејќи тоа е заклучок на претседателите на државите или на владите на нашите 28 земји членки.“ Еден новинар прашува, дали навистина некогаш ќе функционира тоа протерување на бегалците од Грција и преселувањето од Турција во ЕУ. Портпаролката нервозно признава дека е навистина огромен притисок да се запазат роковите и оти „затоа воопшто немаат време да одговараат на ваквите прашања“.

Од неделата, 20. март стапи во сила договорот со Турција, со кој сите бегалци и мигранти кои легално ќе стигнат во Грција, ќе бидат вратени во Турција. Сите тие, додуша, ќе имаат право на одделна и уредна постапка за барање азил, но такво нешто во Грција веќе со години воопшто нема. А од минатиот петок не се ни појави од ведро небо.

Затоа претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер прво именуваше специјален комесар, високиот претставник на ЕУ, Мартен Вервеј. Тој досега беше задолжен за организирање на центрите за евиденција во Грција, т.н. хотспотс, а сега треба да добие 4.000 нови соработници за да ги изврши и новите задачи. Тоа ќе бидат државни службеници, преведувачи, судии и полициски службеници. Тие на грчките острови требаат да водат итна постапка за барањата за азил на кои на крај, веројатно, најчесто ќе стои, според волјата на ЕУ, нивно враќање во Турција.

Тоа всушност е најголемата логистичка операција која ЕУ воопшто ја извршила сама, вистинска „Херкуловска задача“ како што ја нарече и претседателот на Европската комисија Јункер.

Griechenland Lesbos Flüchtlinge erreichen den Strand von Lesbos
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/G. Pinon

Многу бројки и рокови

И неколку дена по состанокот на врвот на ЕУ, сите тие задачи сѐ уште главно постојат само на хартија. Во понеделникот (21.3.) во Атина се сретнаа премиерот Алексис Ципрас, европскиот комесар за бегалци Димитрис Аврамополус и специјалниот комесар Вервеј. Тие начелно требаше да се договорат, како да спроведат и да организираат сѐ што во моментов се наоѓа на маса. А тоа е:

-20 членки на ЕУ се подготвени на Грција да ѝ стават на располагање персонал или сретства за да спроведе евиденција на бегалците. Конкретно само Германија и Франција ветија дека пратат по 100 службеници и 200 полицајци.

- Но ќе требаат барем 2.500 соработници од земјите членки. Агенцијата за заштита на границата Фронтекс и канцеларијата за прашања на азил ЕАСО упатија соодветни барања до членките. Оваа мобилизација на службеници секако би морала подобро да функционира отколку минатата есен кога на помош дојдоа едвам половина службеници од бројката која се бараше.

-Портпаролката на ЕК Бертo вели оти секако идејата е тие службеници да дојдат што е можно побрзо на грчките острови и да почнат со работа: „Според роковите кои ги одредивме минатиот петок, првите би требало таму да стигнат веќе на 28. март.“

-Грција, која ионака постојано се жали дека има премногу работа, би требала да стави на располагање 1.500 службеници и правници, и уште 200 полицајци, по 40 за секој центар за евиденција.

- Една недела по доаѓањето на европските службеници би требало да биде завршена и правната обработка на првите барања за азил.

Со други зборови, веќе на 7. април би требало да започне првото враќање на бегалците назад во Турција. Така на состанокот на ЕУ најави и германската канцеларка Ангела Меркел.

Грците и Турците мора да ги усогласат законите

Предуслов за враќање на луѓето, кои од 20 март доаѓаат на грчките острови, меѓутоа се постапките за донесување закони во Турција и во Грција. Грчкиот парламент, имено мора во духот на европското право на азил да ја прогласи Турција за „сигурна трета држава“ . Само тогаш може барањата за азил да бидат проглаени за очигледно неосновани. Турција пак мора во согласност со важечките конвенции на ОН да ја гарантира безбедноста на вратените мигранти. Дали овие закони ќе стапат навремено во сила пред 4. сприл сѐ уште не е сосема јасно.

Griechenland Lesbos Flüchtlinge Fähre
Фотографија: DW/K. Bergmann

Штом првите сириски бегалци ќе бидат вратени од Грција во Турција , треба да започне преселувањето на други Сиријци од Турција во Европската унија. За тоа засега стојат на располагање 18 илјади места а треба да бидат обезбедени натамошни 54 илјади. Но и за ова е неопходна постапка за донесување закон во рамките на ЕУ, соопшти Еврокомисијата. Земјите членки би морале местата првобитно предвидени за други преселби да ги пренасочат за Турција. Овие 54 илјади места треба обврзувачки да бидат распределени на државите членки. Против ваквата постапка две држави, Унгарија и Словачка, поднесоа тужба пред Европскиот суд на правдата.

Нејасно е што ќе се случи со околу 50 илјади бегалци и мигранти кои веќе се наоѓаат во Грција во кампови како Идомени. Тие не се дел од новиот пакет ЕУ-Турција. Европската комисија поаѓа од тоа дека половина од нив постепено според обврзувачки клуч ќе биде преселена во државите од ЕУ. Еврокомесарот за бегалци Аврамопулос цели на бројка од 6000 месечно. „Сметам дека е јасно дека оние кои веќе се таму мора да бидат прераспределени. Тоа е постапка за која се надеваме дека сега ќе се одвива паралелно со новиот систем, претпазлово кон тоа додаде портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас. Досега меѓутоа ова прераспределба функционираше спорадично. Зошто сега би одела побргу, портпаролот на Еврокомисијата не можеше да каже.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема