1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хелмут Шмит со говор за Европа го отвори конгресот на СПД

4 декември 2011

СПД го започна тридневниот партиски конгрес во Берлин. Делегатите ги очекува широка палета на теми, од реизбор на партиското раководство до еврокризата. На почетокот беше донесена резолуција против десниот екстремизам.

https://p.dw.com/p/13MNA

Со говор на поранешниот канцелар Хелмут Шмит за драматичната позиција во која се наоѓа Европа во Берлин започна тридневниот партиски конгрес на германските социјалдемократи. Екс канцеларот Шмит ја предупреди германската влада во актуелната криза со еврото премногу да не изигрува учител и на тој начин да го загрози европскиот проект. Шмит истовремено ги повика Германците да покажат солидарност. Германија спроед него најмногу профитирала од европското обединување.

Helmut Schmidt auf dem Bundesparteitag der SPD
Хелмут Шмит на конгресот на СПД во БерлинФотографија: dapd

На почетокот на конгресот делегатите на партијата едногласно усвоија „Резолуција против десниот екстрмизам“. СПД се залага за брза забрана на партијата НПД. „Неподносливо“ е десноекстремна партија да биде финансирана и непречено јавно да ги изнесува своите пароли со пари на даночните обврзници, изјави градоначалникот на Берлин, Клаус Воверајт.

На партискиот конгрес социјалдемократите имаат намера да ги постават основите за подготовка за парламентарните избори во 2013 година, со цел да однесат победа и да формираат нова влада во Берлин. На конгресот треба да бидат реизбрани акутелниот шеф на Социјалдемократската партија Зигмар Габриел како и генералниот секретар Андреа Налес. Се очекува најголема дебата да се води по прашањето на даночната политика и пензискиот фонд. На партискиот конгрес треба да се дебатира кои ќе бидат политичарите, кои ќе ја предводат изборната кампања во 2013 година.

Автор: АТ/ дв/дпад

Редактор: Симе Недевски