Хашки иследници во Хрватска ќе го испитуваат Љубе Бошковски
15 октомври 2004Хашките иследници, кои подолго време водат истрага против Бошквски, планираат да го сослушаат во врска со убиството на седуммината имигранти од Пакистан и Индија во Македонија и за судирот на албанските бунтовници и македонските сили за безбедност во 2001-та година.
Иако истражителите најавиле дека ќе пристигнат во Хрватска на 7 ноември, адвокатот на Бошковски Звонимир Ходак изјави дека поранешниот македонски министер се уште не дал согласност за раѕговорите. Сепак тој додаде дека можно е неговиот штитеник да разговара со хашките иследници меѓу 8 и 11 ноември во загребскиот окружен суд во Реметница, но дека тоа зависи од сослушувањето на сведоците кои истражниот судија од Пула идната недела ќе ги испита во Скопје.
Во Пула неодамна беше поведена истрага околу случајот Раштански лозја од 2002-та, што треба да ги расветли околностите за смртта на имигрантите, кои на јавноста и беа претставени како странски терористи кои планирале напади врз странски амбасади во Скопје.
Судијата Ивица Станиќ, во Македонија треба да сослуша 22 сведоци и четворица притворени лица против кои е покренато обвинение за убиство на седуммината имигранти од Пакистан и Индија.