Хауит бара датум за Македонија
9 декември 2011Европската Унија не може да продолжи да ја отфрла перспективата за отворање на пристапните преговори со Македонија без самата да го загуби кредибилитетот на процесот на проширувањето, смета европратеникот и известувач за Македонија, Ричард Хауит.
Иако смета дека развојот на настаните не е неочекуван, сепак вели дека е длабоко непосакуван.
„Европскиот Парламент стои на цврсто на својот повик за одредување на датум за старт на пристапните преговори без понатамошно одложување. Стативите на голот не може постојано да се поместуваат“, вели Хауит.
Изјавата на Хауит доаѓа по најавите дека Европскиот Совет ќе го препушти прашањето за отворање на пристапни преговори со Македонија на следното, данско претседателство.
Автор: БГ/макфакс
Редактор: Александра Трајковска