1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаос на аеродромите: Хитроу воведе лимит на патници

Улрике Кваст
13 јули 2022

Поради недостиг на персонал, лондонскиот аеродром Хитроу воведе ограничување од 100.000 патници дневно во текот на летово. Од авиокомпаниите се бара да престанат да продаваат билети.

https://p.dw.com/p/4E3o6
Airport London Heathrow | hohes Fluggastaufkommen
Фотографија: Mark Thomas/i-Images/IMAGO

Раководителот на најголемиот европски аеродром, Џон Холанд-Кеј, во отворено писмо информира дека под итно се воведува лимит од 100.000 патници дневно кој ќе важи до 11 септември. Хопланд-Кеј ги повикува авиокомпаниите да го прилагодат продавањето билети согласно овој лимит. Има клучни делови во работењето на аеродромот Хитроу, во кои нема доволно персонал, како чекирањето патници и подготовката на багажот.

„Со над 100.000 патници секојдневно, имавме фази во кои сервисот падна под прифатливото ниво“, пишува шефот на Хитроу, кој зборува за долго време на чекање, доцнење на патници на кои им е потребна помош, губење на багажот и анулирање летови во последна секунда.

Großbritannien | Gepäckstau am Flughafen London Heathrow
Натрупан багаж на аеродромот Хитроу Фотографија: Takuya Matsumoto/Yomiuri Shimbun/AP Photo/picture alliance

На британските аеродроми со недели има огромни проблеми. Причина најчесто е недостиг на персонал. Поради пандемијата на коронавирус беа отпуштени голем број вработени, кои во меѓувреме се вработени во други бранши. Освен тоа, голем број вработени одат постојано на боледување поради инфекции. Освен тоа, доаѓа и до технички проблеми.

Во првата половина од годинава низ Хитроу минаа 26 милиони патници, односно шестпати повеќе од истиот период лани. Слични проблеми како Хитроу имаат голем број аеродроми во Европа, меѓу другите и во Германија.

И натаму хаос на германските аеродроми