1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас подготвен на компромис?

2 февруари 2006

Една недела по победата на палестинските избори, радикалниот Хамас најави подготвеност за компромис по прашањето на Израел.

https://p.dw.com/p/AcWO
Долгите сенки на Хамас
Долгите сенки на ХамасФотографија: AP

Политичари од организацијата се подготвени заедно со меѓународната заедница да дискутираат за прекин на огнот, изјави водечки член на Хамас, Муса Абу Марсук. Првите разговори за составување влада на Хамас во палестинските автономни подрачја, треба да почнат утре. Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, треба да има средба со политичкото раководство на Хамас, а вчера тој во Каиро со египетскиот претседател, Хосни Мубарак, водеше разговри околу натамошите чекори.

Египетската влада ќе направи обид да помогне од радикалната организација Хамас да се создаде реално-политичка организација. Министерот за надворешни работи, Абу Геит, изјави:

“Кога се седи во еден парламент, тогаш се зборува со јазик, а не со оружје.“

Вчера кружеше информација дека Махмуд Абас на Хамас ќе му даде овластување за составување влада, доколку организацијата се обврзе на исполнување на три услови – запирање на насилството, држење до досега потпишаните договори за мир со Израел и признавање на постоење ан еврејската држава. Тоа наводно го рекол шефот на египетската тајна служба, Омар Сулејман. Според него, доколку Хамас не биде подготвен ан такво нешто, Абас би составил малцинска влада. Функционери на Хамас ги демантираа ваквите наводи и изјавија дека такви барања до нив не се поставени.