1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас одбива да го положи оружјето

29 јануари 2006

Победникот на палестинските парламентарни избори Хамас одбива да го положи оружјето.

https://p.dw.com/p/AcWy
Калед Машал, шеф на Хамас
Калед Машал, шеф на ХамасФотографија: AP

Ниту меѓународните закани дека ќе бидат скусени средствата за помош во тоа ништо нема да променат, тврдат водечките претставници на радикалната организација. Всушнсот, побргу може да се случи оруженото крило на Хамас да се спои со други групи и да формира палестинска армија. Претставниците на Хамас најавуваат и политички коалиции, бидејќи сега ќе треба да се формира нова влада.

,, На политичката сцена не се само Фатах и Хамас. Можат да се искористат и многу други сили,, посочи третиот човек во радикалното движење, Махмуд Захар. Во игра е дури и партијата на неѕависниоте експерти. Министри од нејзините редови, според претставниците на Хамас би можеле да донесат странски донации во Палестина.

Европската Унија веќе најави дека не би смеела да го признае Хамас. ,, Треба „да се избегне признавањето на терористичка група само поради тоа што добила избори“ оцени децидно високиот европски претставник Хавиер Солана во интервју за францускиот ,,Монд“.