1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас е забранет во Египет

АТ/ ард/ртре/афп/дпае/дв4 март 2014

Египетските власти го зголемуваат притисокот врз радикалната палестинска организација Хамас, кој владее во Појасот Газа. Суд во Каиро на Хамас му забрани секакви активности во Египет.

https://p.dw.com/p/1BJRS
Фотографија: Mohammed Abed/AFP/Getty Images

Суд во Каиро го забрани палестинското движење Хамас во Египет. Порталот за вести близок до владата „Ал-Ахрам“ информира дека судот донесол одлука и да ја затвори канцеларијата на Хамас во Каиро. Освен тоа било наредено да се конфискува имотот на радикално-исламистичкото движење, кое владее во Појасот Газа, се вели од кругови на правосудните органи.

Каиро ја обвинува организацијата, која е поврзана со египетското Муслиманско братство, дека е одговорна за напади во Египет. Хамас го контролира Појасот Газа, кој граничи со Египет.

Во првичната реакција Хамас ја критикуваше судската одлука. Портпарол рече дека одлуката ѝ штети на сликата на Египет. Надворешнополитички советник на премиерот на владата на Хамас во Газа, Исмаил Ханија, дополни: „Се надеваме дека оваа одлука нема да се одрази врз ограничување на нашата слобода на движењето“.

По соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси во јули 2013 година од страна на војската, екстремистички групи постојано вршат атентати врз полицијата и властите на Египет. Муслиманското братство се дистанцираше од насилството. Сепак протестите на приврзаниците на Мурси беа крваво задушени, а повеќе илјади активисти се во затвор. Муслиманско братство во декември минатата година официјално беше прогласено за терористичка организација.

Муслиманското братство, по соборувањето на претседателот Хосни Мубарак во 2011 година, победи на избори и ја презеде власта.