1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамас го отфрли барањето на Абас

30 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B7xg

Радикално исламистичкиот Хамас го отфрли барањето на палестинскиот претседател Махмуд Абас за меѓународни сили кои би ги обезбедувале изборите во појасот на Газа. Абас ова го побара за време на престојот во Париз каде на разговорите со претседателот Николас Саркози доби јасна поддршка за неговите мировни напори. Франција вети дека ќе испрати 15 милиони евра директна помош за населението во појасот на Газа кој е под контрола на Хамас.