1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаг: Ослободителна пресуда за Готовина и за Маркач

СН/БГ/миа/бета16 ноември 2012

Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија ги ослободи од обвиненијата поранешните хрватски генерали Анте Готовина и Младен Маркач.

https://p.dw.com/p/16kII
Анте ГотовинаФотографија: Getty Images

Хашкиот трибунал денеска им изрече ослободителна правосилна пресуда на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, а Жалбениот совет наложи веднаш да бидат ослободени.

Готовина во првостепената постапка од 15 април 2011 година беше осуден на 24 години затвор, Маркач на 18 години, а преостаниот член од хрватската „тројка“, генерал Иван Чермак беше ослободен од обвинението и Обвинителството на оваа одлука не поднесе жалба.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал, на почетокот на читањето на правосилната пресуда за Готовина и за Маркач, изнесе дека нема докази дека тие учествувале во заеднички злосторнички акции со цел насилно да се протера српското цивилно население од Краина.

General Markac
Млaден МаркачФотографија: dapd

Претседавачот на Советот, судијата Теодор Мерон изјави, исто така, дека Жалбениот совет делумно ја прифаќа жалбата на Готовина и на Маркач и го отфрла заклучокот дека нападите на Книн, Грачац, Обровац и Бенковац биле противзаконски.

Советот оцени и дека заминувањето на цивилите за време на артилериските напади не може да се смета како депортирање.