1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалската треска - извонредна бизнис шанса

У. Шнајдер / С.Недевски3 јули 2014

Светското првенство во Бразил не само што донесе еуфорија и радост кај многу фудбалски обожуватели во Германија, туку отвори можности за сериозна заработувачка пред сѐ од масовното гледање на фудбалските натпревари.

https://p.dw.com/p/1CRef
Фотографија: Reuters

Фудбалскиот стадион на екипата на Унион Берлин од Втората германска лига сега е дневна соба. Со 750 каучи - донесени од дома. Во 9 часот. организаторите се први на стадионот. Идејата за каучите беше нивна. Тие сакаат се’ да биде перфектно. Но, звучникот е погрешно закачен.

„Звучникот делумно е испречен пред екранот, а луѓето тука доаѓаат со големи очекувања. Тие сакаат да видат најубавата слика на фудбалски натпревар во светот, а одеднаш таму виси звучник, можеби го покрива голот каде потоа треба да се изведува пенал. Тоа може да го расипе расположението“, објаснува Гералд Понески, организатор на колективното следење преноси.

108. DW TV Sendung Europanorama - Mazedonisch
Фотографија: DW

На периферијата на Берлин, пак, млади фудбалски навивачи завршија порано со работа и со факултетските обврски. Нивниот кауч е веќе на стадионот. Германски дресови, шминка и шалови - само за навивачки реквизити тие потрошија 200 евра.

„Токму за Светското првенство, при толку голем турнир, сакаш да се покажеш дека си горд на својата земја, дека си за својата земја, дека навиваш со големи емоции. Некако целата земја ја поврзува големо пријателство“, вели Макс Валант кој се школува за трговец.

Во 14 часот на стадионот сите 750 каучи уште се празни. Тимот кој ќе продава јадење и пиење ги прави последните подготовки под надзор на шефицата на кетерингот. Катерина Кинеман ангажира стотина соработници. Пивото чини 4 евра - колку во добар ресторан, но влезот во стадионот е бесплатен.

„Натпреварите на германската репрезентација се предизвик. Не знаеме колку луѓе ќе дојдат. Влезот е бесплатен и мораме да бидеме подготвени на сѐ - од 2.000 до максимално 13 илјади луѓе. Тешко е да се координираат продуктите и персоналот“,вели Кинеман.

Нејзиниот колега, шефот на техниката Дан Витке, е задолжен за контрола на звукот и на екранот од светлосни диоди. Неговите соработници од режијата работат на височина од 3 метри, веднаш зад екранот, на кој во Берлин се пренесуваат натпреварите од Бразил.

Fußball-Fans auf Sofas im Stadion Alte Försterei
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Ако дојде до прекин на преносот, имаме неколку можности. Тоа ќе го објаснам со примерот за сателитската врска. Пренос добиваме преку два сателита, а на располагање имаме уште и терестријален телевизиски сигнал. А, ако сѐ тргне наопаку, ни останува и радио-преносот“, објаснува Витке.

Лиза Вулбуш и Макс Валант во 17 часот конечно пристигнаа на стадионот, како и речиси 12 илјади други навивачи. Заедничкото гледање на натпревари од Светското првенство е тренд во Германија и привлекува сѐ повеќе навивачи. Меѓутоа, никаде не така удобно, како овде на каучите.