1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалот загуби една легенда - Јохан Кројф

Херберт Шалинг/Ж.А.25 март 2016

Со смртта на холандската фудбалска легенда Јохан Кројф, кој почина од рак на 68 години, светот е посиромашен за еден голем спортски великан. Него го красеше извонредна леснотија во борбената фудбалска спортска игра.

https://p.dw.com/p/1IJsu
Фотографија: AP

Јохан Кројф започна да игра во Ајакс Амстердам. Во клубот пристапи со 12 години. Подемот на Ајакс во 1960-те години беше нераскинливо поврзан со неговото име.

Johan Cruyff mit Pokal vor Fans
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кројф со својот тим трипати го освои Европскиот куп на шампиони, претходникот на денешната Лига на шампиони. Исто толку пати беше прогласен за „најдобар фудбалер на Европа“. Со својата холандска фудбалска национална репрезентација меѓутоа тој го пропушти најголемиот триумф - на Светското фудбалско првенство во 1974 година „Портокаловите“ во финалето загубија од домаќинот-Германија.

Johan Cruyff Beckenbauer WM 1974 - Finale Deutschland - Niederlande
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кројф „втората кариера“ ја стартуваше во ФК Барселона во 1970-те години, прво како играч, а потоа и како тренер.

Johan Cruyff FC Barcelona , Paul Madeley von Leeds (Vordergrund)
Фотографија: Imago/sportfotodienst

Тој остави решавачки печат на сегашниот стил на игра на Каталонците. Кројф со својата екипа го освои шпанското фудбалско првенство и Шпанскиот фудбалски куп и на тимот му остана верен до крајот на животот, до неговата смрт. Светот на фудбалот со смртта на Јохан Кројф загуби еден великан.

Замина фудбалскиот крал Кројф