Фрчкоски против Иванов?
26 јануари 2009Универзитетскиот професор и поранешен министер Љубомир Фрчкоски вечер (26.01.2009) треба да биде кандидиран за претседател на Македонија.
Најоправдано е опозицијата здружено да настапи со заеднички кандидат, изјави денеска Тито Петковски, претседател на НСДП, кој само индиректно потврди дека неговата партија ќе застане зад кандидатурата на Фрчкоски како заеднички кандидат со СДСМ.
Со ова НСДП се дистанцира од кандидатурата на Нано Ружин, кој беше предложен од опозиционата Либерално демократска партија.
Иванов-кандидат на ВМРО-ДПМНЕ
Љубомир Фрчкоски ќе биде противкандидат на својот колега од Правниот факултет, Ѓорѓе Иванов, кој синоќа речиси едногласно го избраа делегатите од ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Македонија од оваа партија.
Иванов не крие дека му се важни и гласовите на Албанците. Неодамна лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во разговор во четири очи побарал од челникот на ДПА Мендух Тачи заеднички да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот изборен круг. Во албанската етничка заедница лидерот на Нова демократија Имер Селмани веќе собрал неопходни 10 илјади потписи со поддршка и од Македонци, Турци и Роми. Интересно е дека за шеф на државата се појавува и името на Невзат Халили, првиот претседател на најстарата Партија за демократски просперитет. Тој е познат по идејата за Илирида и федерализација на Македонија.