1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фрчковски одби да му се извини на Иванов

Александар Чомовски24 февруари 2009

Продолжува јавната полемика на претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Ѓорѓи Иванов бара од Љубомир Фрчкоски да се извини за јавните навреди кон него како услов за тв-дуел. Фрчкоски тоа го одбива.

https://p.dw.com/p/H0Sv
Љубомир ФрчкоскиФотографија: Petr Stojanovski

Кандидатите за претседателската функција во Македонија, на своите јавни настапи продолжуваат со меѓусебни дисквалификации. Со речникот на иронија и цинизам предничи кандидатот на опозиционата СДСМ, Љубомир Фрчкоски. Тој одби да му се извини на ривалот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Иванов, за навредите против него изнесени во колумна на весникот „Дневник“. Иванов можноста за телевизиски дуел ја услови со извинување од кандидатот на СДСМ. Според него, во демократијата постојат принципи и правила кои мора да се почитуваат. „На изборите треба да се соочува со идеи, визии и проекти, а не со омаловажувања и укажувања на работи кои не доликуваат на кандидат за претседател на држава“, изјави Иванов.Фрчкоски смета дека партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседателски кандидат немаат сила да дебатираат за суштинските прашања кои се дел од кампањата. „Очигледно дека владејачката партија сака својот кандидат да го помине на носилка низ изборите“, рече Фрчкоски.

Gjorgji Ivanov Presidentschaftkandidaten der Partei VMRO DPMNE
Ѓорѓи ИвановФотографија: MIA

Експертите бараат да се подигне нивото

Останатите петмина претседателски кандидати како и евроамбасадорите во Македонија сметаат дека сите треба да имаат фер и избалансирана медиумската промоција. Евроамбасадорот Ерван Фуере потсетува дека телевизиското соочување на кандидатите за претседател е демократска практика. Експертите во земјата препорачуваат дека универзитетските професори мора да го подигнат нивото на кампањата - и интелектуално и програмски. Универзитетскиот професор Гордана Силјановска, смета дека нејзините колеги, Фрчкоски и Иванов, мора да ги сочуваат аргументите за изборната кампања и им препорачува да не се занимаваат со меѓусебните релации и дисквалификации.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема