Француски новинари: Готовина не е во Хрватска
28 февруари 2005ара одговорите.
,, Ситуацијата во Хрватска не е толку едноставна колку што иѕгледа од Брисел. Готовина најверојатно не е во Хрватска,, изјави по враќањето новинарката Ландабуру, откако во нејзиниот микрофон зборуваа пријателите на Готовина, претставниците на градските власти и граѓаните на Задар , како и министерките за ннадворешни работи и правда- Колинда Грабар Китаровиќ и Весна Ожболт. За Арте зборуваа и адвокатите на Готовина Милорад Пуповац и Жарко Пуховски. Вчеравечер во вестите на програмата на Арте се емитуваше првата репортажа за случајот околу генералнот Анте Готовина. Главната теза на новинарката, која за прв пат ја престојуваше во Хрватска, беше дека не е добро поради една личност целата земја да се држи настрана од европските интеграции.
,, Кога дојдов во Хрватска, видов дека тоа е европска земја и дека луѓето се љубезни. Иако во некои делови се уште се видливи трагите од војната, Хравтска е држава која што граби кон европските интеграции. Мислам дека 17 март ќе биде среќен датум за Хрватска бидејќи таа ќе добе зелено светло за Европската Унија,, изјави Катилин Ландабуру, која подготвува и прилог за тоа како живеат Србите што се вратиле во Хравтска и што станува со Хравтите бегалци од Босна и Херцеговина и Војводина. Околу тоа прашање таа разговарала со невладините организации кои им помагаат на бегалците и планира уште еден документарец на таа тема.
Ален Леговиќ