1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шлаканица за Макрон, изјаловени очекувања за Марин Ле Пен

ЖА / агенции
21 јуни 2021

По првиот круг на регионалните избори во Франција, граѓанскиот блок е убедливо најсилен, додека партијата на Марин Ле Пен освои помалку гласови од очекуваните

https://p.dw.com/p/3vGfk
Frankreich erste Runde Regionalwahl | Emmanuel Macron
Фотографија: Christian Hartmann/REUTERS

Регионалните избори во Франција се последниот тест на расположението кај гласачите пред претседателските избори во Франција во 2022 година. Конзервативците насетуваат шанса идната година да го победат претседателот Емануел Макрон. Неговата млада партија „Република во движење“, според очекуваното, доживеа голем неуспех, со освоени околу 11% проценти е на петто место, како што јави ТВ Франс2.

Победник според неофицијалните резултати е конзервативната партија Републиканци на екс-претседателот Никола Саркози. Нејзиниот претседател Кристијан Јакоб изјави дека партијата на Макрондоживеала досега невиден дебакл. Граѓанскиот табор освои вкупно 28% гласови. 

Десно популистичката партија Национален совет на Марин Ле Пен е на второ место со освоени околу 19%. Популистите се надеваа да извојуваат победа во шест од 13 региони, но први, пред конзервативците, се само во јужнофранцускиот регион Прованса Алпи-Азурен брег со градови како Ница.

Таму по една недела ќе се одржи втор круг избори, а политичарите од левиот табор најавија поддршка за конзервативците против партијата на Марин Ле Пен. На последните регионални избори во 2015 година, ваквиот „републикански фронт“ спречи десничарите да освојат макар еден единствен регион, иако во првиот изборен круг беа најсилна политичка сила со 28% гласови.

Frankreich Erste Runde der Regionalwahlen 2015 Marine Le Pen
Партијата на Марин Ле Пен не го постигна очекуваниот успехФотографија: Reuters/P. Rossignol

Со лошиот пласман на нејзината партија, се поставува и прашањето за политичката иднина на Ле Пен, таа инаку има намера идната година да настапи како конкурент на Макрон на претседателските избори. Марин Ле Пен ги повика своите приврзеници да се мобилизираат за идниот изборен круг и вината за лошиот пласман ја припиша на екстремно ниската излезност.

Социјалистите освоиле околу 16%, а Зелените околу 13% гласови.

Излезноста во првиот круг на регионалните избори од 31 до 34% од 48 милиони граѓани со право на глас достигна историско дно. Некои политичари тоа го оправдуваат со пандемијата на коронавирус, но епидемиолошката ситуација во земјата е значително подобрена, по речиси осум меесеци, вчера конечно беше укинат и полицискиот час во Франција.