Франко Фратини се залага за “европски ислам"
18 јули 2007Нашите партнери во реализацијата на оваа идеја ќе бидат верски лидери од исламската религија, како и муслимански здруженија кои не се радикални. Тие ќе го претставуваат мнозинството муслимани, кои живеат во Европа. Тоа е нашата стратегија, нагласи евро-комесарот за правда и безбедност, Франко Фратини:
“Евро-исламот ги почитува толеранцијата и другите вредности на Европа. Тоа е ислам со респект кон човечките вредности, кој и‘ придава голема важност на еднаквоста на мажите и жените во општеството, кој не ги прифаќа принудните бракови и ги реализира темелните човекови права. Станува збор за Европската Повелба за човекови права, која треба да ја почитуваат сите.“
Комесарот за правда и безбедност во истата изјава за ДВ порача уште дека ЕУ ќе соработува со Турција во реализацијата на оваа идеја:
“Секако, токму затоа и му дадов поддршка на почетокот на преговорите за прием со Турција. Ако еден ден Турција може да дојде до нивото каде ќе обезбеди заштита на фундаменталните човекови права, тогаш таа нема да стане само членка на ЕУ. Турција тогаш ќе докаже дека земјите со мнозинско муслиманско население можат да ги почитуваат темелните вредности на Европа“ - нагласи евро-комесарот за правда и безбедност, Франко Фратини во интервју за ДВ.