„Јанос“ беснее во западна Грција
19 септември 2020Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во местото Аргостоли на грчкиот остров Кефалонија, каде улицата пред градското пристаниште е целосно поплавена во налетот на медитеранскиот циклон со белези на ураган. Освен на Кефалонија силните ветришта и поројните дождови на медиканот „Јанос“ предизвикаа значителни штети и на островите Закинтос и Итака како и по должина на брегот на полуостровот Пелопонез. Помали штети се пријавени и на островите Лефкада и Крф. Метеоролозите не сметаат на подобрување на времето до недела навечер.
Реткиот временски феномен медикан е циклон што може да се формира во регионот на Средоземното море кон крајот на летото кога температурата на водата таму е сè уште висока. Веднаш штом ќе стигне до копното неговата сила се намалува.