Фудбал
Чукна часот и на навивачите
15 јуни 2018Реклама
Љубителите на фудбалот можат само да си посакаат вака ефикасни натпревари до крајот на турнирот. Згора на врвниот фудбал, како шлаг на тортата, се и навивачите на трибините, кои даваат сѐ од себе, на што повпечатлив начин да учествуваат на овој спортски хепенинг. На оваа #ФотографијаНаДенот, руски навивач на стадионот Лужники телото го има обоено логото на Мундијалот во неговата татковина. По победата на руската репрезентација, неговиот труд дополнително се исплатеше.