Фламинго-сениорот Инго
5 септември 2018Реклама
Утринска тоалета на пердувите - група фламинго-птици стојат во мало езеро во Зоолошката градина на Берлин. Крајно лево, фламингото Инго со своите 71 година е не само најстар меѓу нив, туку и најстар жител на Берлинската зоолошка градина. Неговите нозе се во водата, па на нашата #ФотографијаНаДенот не се гледа црвениот прстен кој му е таму прицврстен додека бил млада птица, а на кој стои: „Каиро, 23.06.1948“. Тоа не е неговиот роденден, туку датум кога бил регистриран. Феноменот, животните да станат постари во зоолошка градина отколку во дивина, во природната средина, им е познат и на другите животински паркови.