Спорт
Стадион од слама
7 август 2017Реклама
Убавото во фудбалот е што може да се игра секаде, во секое време, само ако се има топка и неколку другари. Доказ за тоа се и жителите на Красноје, во Русија, кои играат на својата Зенит Арена. Арената е веројатно единствена во светот, зашто е направена од - слама! На необичниот стадион, кој е мотив на нашата #ФотографијаНаДенот, се собираат љубителите на фудбалот од целиот Саврополски регион.