Фотографија на денот: Снежна бура во САД
31 јануари 2022Реклама
Во метрополи како Њујорк и Бостон во текот на викендот паднаа над 60 сантиметри снег. Студениот бран се протега до Флорида, каде метеоролошката служба предупреди од опасност од „паѓање на игуани од дрвјата“ кои се вкочанети од студ. Животните може да достигнат тежина до девет килограми.
Во сојузните држави Мериленд, Њу Џерси, Вирџинија и Њујорк е прогласена вонредна состојба. Жителите се повикани да не тргнуваат на пат доколку не е неопходно. Илјадници летови се анулирани. Во Њујорк илјадници бездомници побараа засолниште во станиците на подземната железница.
Се чини дека студеното време единствено не му пречи на познатиот „Гол каубоец“ на Тајмс Сквер - Руберт Барк и покрај снегот го одржа својот уличен концерт.