1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

„Раната на Витлеем“

25 декември 2019

Инсталацијата со длабока политичка критика, која асоцира на насилството на Блискиот Исток, тешката ситуација на Палестинците и ѕидовите кои ги подига Израел, се наоѓа во хотелот „Заѕиданите“ во Витлеем

https://p.dw.com/p/3VJJP
Kunstwerk von Banksy
Фотографија: picture-alliance/AA/I. Rimawi

Милиони христијани ширум светот денеска го слават Божиќ, раѓањето на Исус Христос. Синоќа беа одржани свечени миси низ илјадници храмови во светот, во Ватикан папата Франциско повика на доверба во господ, чија љубов е безрезервна кон секој човек, дури и кон „најлошиот“. Свечена церемонија во присуство на илјадници верници од цел свет беше одржана и во родното место на Исус Христос, во „Црквата на Исусовото раѓање“ во Витлеем. 

На нашата #ФотографијаНаДенот го гледате најновото дело на британскиот уметник кој работи под псевдонимот Бенкси - „Раната на Витлеем“. Инсталацијата со длабока политичка критика, која асоцира на насилството на Блискиот Исток, тешката ситуација на Палестинците и ѕидовите кои ги подига Израел,  се наоѓа во хотелот „Заѕиданите“ во Витлеем, на Западниот Брег. Класичната сцена во шталата со фигури на Марија, Јосиф и тукушто родениот Исус и животни, е сместена пред бетонски ѕид со дупка од куршум во форма на Ѕвездата на Витлеем.