Фудбал
Радоста на Панама
25 јуни 2018Реклама
„Најважно е да се учествува“- водени од оваа максима и со примерен контакт со реалноста, љубителите на фудбалот во Панама на стадионот во Нижни Новгород но и во татковината од сѐ срце се израдуваа на голот на капитенот Фелипе Бала во натпреварот против Англија, кој нивната репрезентација го загуби со 6:1. Тоа беше прв гол за Панама на Светските првенства. Иако дебитантскиот настап нема да помине славно, фудбалерите се веќе херои во земјата.