Фотографија на денот: Паричка за добро дело
19 декември 2018Реклама
Малата сребрена паричка треба да им помогне на сиромашните, бездомниците, сите кои се во нужда. Таа е изум на „Една топла зима“, берлинска иницијатива која се ангажира за помош на бездомниците. Ваква паричка може да купат сите кои сакаат да помогнат, донираат, направат добро дело. Паричката се купува во кафеаните, продавниците и работилниците на луѓето или претпријатијата кои се дел од акцијата. На пример, може да се купи „Кицмарке“ во фризерскиот салон на аголот, потоа паричката да му се дарува на некој бездомник, а тој потоа да отиде на потстрижување. Салонот наместо да му земе пари, му ја зема сребрената паричка, а парите се донираат за добротворни цели. Истото важи и за продавниците за храна, кафулињата, продавниците за облека...